дома информација вест Кинеската вакцина против КОВИД19 досега се покажа како најефикасна во фазите на...

Кинеската вакцина против КОВИД19 досега се покажа како најефикасна во фазите на тестирање

Кинеската вакцина за корона вирусот моментално се наоѓа во трета фаза на тестирање, а е достапна за итни постапки и случаи како што се здравствените и просветни работници

528
0

Вакцината против корона вирусот што ја развива Институтот за биолошки производи од Пекинг на првите и средните тестови врз луѓе, се покажа како добра и предизвикува имунолошки одговор, објавија денес истражувачите.

Потенцијалната вакцина BBIBP-CorV веќе е одобрена за програма за итни случаи наменета за работници и други ограничени групи на луѓе кои се соочуваат со висок ризик од инфекција, пренесува Ројтерс.

Како што се наведува, дали успешно ги штити луѓето од инфекција, ќе се дознае по третата фаза на тестирање, која во моментов е во тек.

Оваа вакцина е една од најмалку 10-те во светот кои влегоа во третата фаза на тестирање, а четири беа направени од кинески научници.