дома информација вест Словенија од денеска воведува карантин

Словенија од денеска воведува карантин

Поради зголемен број на нови инфекции, Словенија воведува карантин

484
0

Словенија од денеска воведува карантин во 7 од 12 региони за да се спречи ширењето на заразата од коронавирусот.

Во овие седум делови на земјата, меѓу кои е и Љубљана, на јавни места е забрането собирање на повеќе од 10 лица.

Жителите не смеат да го напуштат регионот, освен заради професионални обврски или здравствен третман. Задолжително е носење на заштитна маска и на отворен простор.

Словенија како и Македонија изминатите денови имаше висока стапка на заразени во изминатите 24 часа во Словенија се регистрирани 700 нови случаи.

Извор: Нова Македонија