Француската полиција денеска изврши претреси во домовите на некои владини и здравствени службеници, како дел од истрагата за нивните постапки за време на пандемијата на корона вирус.
Меѓу нив се и министерот за здравство Оливие Веран и директорот на Националната здравствена агенција Жером Саломон.
На почетокот на оваа година, францускиот суд започна истрага за реакцијата на владата на пандемијата, односно проблемите со недостаток на опрема и бавниот одговор на епидемијата.
Имено, лекарите и роднините на жртвите го покренале прашањето за кривичната одговорност на властите за небрежност за време на избувнувањето на пандемијата на корона вирус, а истрагата е покрената во јули, пишува Би-Би-Си.