Путин се пофали со регистрирање на втората руска вакцина

772

Владимир Путин рече дека Русија ја регистрирала втората вакцина против КОВИД-19.

Вакцината е развиена од Центарот за вирусологија и микробиологија „Вектор“, пренесуваат руските медиуми, а е регистрирана денес.

Претходно, министерот за здравство на Русија, Михаил Мурашко, објави регистрација на нова руска вакцина против корона вирус.

Тој рече дека две руски вакцини се во фаза на клиничко тестирање, истакнувајќи дека вакцината „спутник 5“ е веќе регистрирана.

Извор: Нова Македонија