дома информација вест Топло но променливо време нè очекува денеска

Топло но променливо време нè очекува денеска

Временска прогноза за 15.10.2020

444
0

Претпладне времето ќе биде сончево со умерена облачност.

Попладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се интензивираат и ќе се прошират во останатите подрачја.

Пообилни врнежи ќе има во северозападните делови (локално над 30 л/м2). Преку денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Минимална дневна температура во Скопје ќе изнесува 9 степени, а максималната дневна ќе биде повисока од вчерашната и ќе изнесува 23 степени.

Извор: УХМР