дома информација вест Фејсбук ќе ги забрани сите антиваксерски објави

Фејсбук ќе ги забрани сите антиваксерски објави

Фејсбук ја менува политиката

392
0

Фејсбук ќе започне со забрана за објаву што ги обесхрабруваат луѓето да се вакцинираат, објави вчера социјалната мрежа, а исто така најави нова информативна кампања за вакцината против грип.

Компанијата појасни, сепак, дека рекламите за закони или против владините политики за вакцинирање, вклучувајќи ја и вакцината против КОВИД-19, сепак ќе бидат дозволени.

Според правилата на компанијата, забранети се објави со неточни информации за вакцината, но дозволени се оние кои изразуваат спротивставување на вакцините, доколку не содржат лажни тврдења.

Ова лето, службеникот за јавна политика на Фејсбук, Џејсон Хирш изјави дека компанијата верува дека корисниците можат да ги изразат своите лични мислења и дека поагресивната цензура на крајот може да ги истурка луѓето кои се „сомневаат“ во вакцината во групата на оние кои силно се спротивставуваат на вакцинацијата.

Фејсбук со новата политика на куќа започнува следната недела. Таа компанија е под огромен притисок од политичарите и здравствените власти да, во време кога се развиваат повеќе вакцини против КОВИД-19, забрани каква било содржина што изразува спротивставување на вакцинацијата.

Извор: Theguardian.com