Во скоро сите домови се наоѓа по некој ѕиден часовник кој ни овозможува „контрола над времето“.
Сигурно сте забележале дека позицијата на ѕидниот часовник е различна во секој дом и зависи од начинот на дизајнирање на просторот.
Сепак постојат неколку „златни правила за тоа“ каде не треба да стои часовникот:
Спална соба
Најмалку треба да имате часовник во спалната соба. Ако постојано го гледате часовникот и го мерите времето тоа може да ви предизвика стрес и паника и да ви го наруши мирот и сонот.
Најдобар е биолошкиот часовник кој може да си го поставите со здрав животен стил – секојдневно заспивање и будење во исто време.
Ходник
Ѕиден часовник поставен во ходник е сосема бескорисен. Нема веројатно да му мерите време на секој на влезот и излезот од вратата на вашиот дом или да одите до ходник за да проверите колку е часот.
Детска соба
Често часовник се става како украс во детските соби. Но звукот од движењето на сказалките може да биде иритантен за детето.
-Вистинското место на ѕиден часовник е трпезаријата. Местото каде што семејството заеднички руча треба да биде збогатено со часовник што ќе е потсетник за времето кое е определено за заеднички, семеен ручек.
Времето за ручање треба да биде предивдено со часовникот и да биде секој ден во исто време. На тој начин ќе се создаде стабилен биоритам кај сите, а семејството ќе има заеднички моменти поминати во ручек на заедничка маса.
Ритуалот на заедничко јадење, секој ден во исто време значително ги стабилизира и одржува блиски односите на членовите во едно семејство.