Денеска претежно сончево време, идеално за поминување време во природа

1406

Денеска сонцето ќе биде позастапено на територијата на Македонија.

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во претпладневните ќасови и во планинските региони.

Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од југозападен правец.

Минималната дневна температура на територијата на Скопје и околината ќе изнесува 9 степени, а максималната дневна ќе достигне 21 степен.

Извор: УХМР