Клиниките се отповарени, персоналот е преморен и под притисок, медицински тимови се носат од внатрешноста за да има ротација а во наредните седум дена бројот на хоспитализирани ќе биде поголем од бројот на оние кои ќе бидат пуштени дома.
Вака министерот Филипче ја опиша моменталната ситуација во здравствениот систем по наглото ширење на вирусот и зголемување на бројот на новозаболени и жртви во изминатите петанесетина дена.
Македонија се наоѓа во најголемата и најтешката здравстена криза, но министерот смирува системот е подготвен а планот се спроведува.
Во моментов хоспитализирани се 330 пациенти а според Филипче капацитетите се далеку од исполнети. Отворена е монтажната болница како помошно одделение на Инфективната клиника, во Градската болница има околу 250 слободни кревети а на инфективните одделенија во внатрешноста на државата има доволно кревети, Сега се работи на клучнито проблем – поддршка и дополнување на медицискиот и техничкиот кадар и персонал за да може да има ротација и одмор.
Деновиве 54 доктори и медицински сестри се префрлени во Скопје и прераспоредени во двата Ковид центри – Инфективната Клиника и Градската болница.
Покрај премореноста на персоналот, се појавува уште еден проблем, а тоа е честото заболување на медицинските работници кои се во првите борбени линии против епидемијата.
Извор: telma.com.mk