дома информација вест Наскоро целосно отворање на границите со Србија

Наскоро целосно отворање на границите со Србија

673
0

Комисијата за заразни болести предложи отворање на границите со Србија, Косово, Албанија и Црна Гора.

Овој предлог следува по деталната анализа на Комисијата за заразни болести по што се процени дека многу мал број на случаи на корона вирус биле импортирани од овие земји.

Согласно тоа се експертите заклучија дека отворањето на границите ќе биде сосема безбедно.

Тоа значи дека државјаните од овие земји ќе можат да влегуваат во Македонија и без негативен ПЦР тест, а наскоро се очекува задолжението за негативен ПЦР тест за македонски државјани да го укине и Србија.

Досега во Косово и Албанија, македонските државјани можеа да патуваат без негативен ПЦР тест, додека за Србија и за Црна Гора важеше ова задолжение.