Виралните фотографии првично ги објави јапонскиот корисник на Твитер, Јуко Мохри, но оттогаш се споделени над 20.000 пати само на таа социјална мрежа. Тие покажуваат како изгледа еднокатна куќа сместена на многу тесно бетонско скалило.
Откако фотографиите станаа вирални, многумина тврдеа дека станува збор за Фотошоп. Но, корисниците на Твитер многу брзо најдоа слики од Google Earth каде што куќата изгледа уште почудно.
Некои тврдеа дека бизарниот дизајн му помогнал на сопственикот да заштеди на данок на имот, што се чини малку веројатно.
Други се сомневале дека тоа е единственото решение да се извлечат две места за паркирање од навистина мала парцела.
Како и да е ќе се согласите дека ова е една од најчудно дизајнираните куќи што некогаш сте ги виделе бидејќи е изградена на педа земја и има исклучително мали темели.
Извор: Канал5