дома информација вест Научници од Оксфорд: Лажно позитивни резултати на корона вирус, обемот на пандемијата...

Научници од Оксфорд: Лажно позитивни резултати на корона вирус, обемот на пандемијата е многу помал

1092
0

Новата британска студија покажа дека тестовите за коронавирус се толку чувствителни што можат да откријат траги на неактивни вируси на инфекција што поминала пред неколку недели.

Тоа значи дека задржувањето на неактивните вируси може да резултира со лажно позитивни резултати што го зголемуваат обемот на пандемијата.

Научниците од Универзитетот во Оксфорд велат дека повеќето луѓе се заразни само една недела, но дека тестовите можат да покажат позитивен резултат со недели после тоа, што значи дека бројот на заразени во моментов може да биде помал отколку што се мислеше.

Претходно се мислеше дека вирусот е активен во телото најмалку 14 дена, а во ретки случаи и до 28 дена, но ова студија ги оповргнува тврдењата за присуство на вирус во организмот подолго од недела дена.

Извор: Нова Македонија