Вие сте тоа што го јадете, но и тоа на каков начин јадете открива многу за вашиот карактер и вашиот однос кон работите околу вас и кон себе.
Постојат луѓе кои внесуваат цел уметнички перформанс во држењето на вилушката, луѓе кои на храната гледаат како на забава и луѓе кои едноставно не ви е пријатно да ги гледате додека јадат.
Заедничкиот ручек со некој може да ви открие многу за неговиот карактер, а еве на кои работи да обрнете внимание и што тие покажуваат:
Чинијата е (не)организирана
Како што ви е организирана чинијата, така ви е организиран и умот, но и животот. Ако во чинијата различните состојки имаат свое место и тие се конзумираат постепено по одреден ред, тогаш личноста има структурирана и организирана мисла и живот. Во спротивно хаосот во чинијата значи и хаос во животот.
Користење на прибор за јадење
Прибор за јадење се користи за да се пренесе храна од чинија до уста и при тоа да се ибегне опасност од расфрлање на храната наоколу и мачкање околу устата и на лицето.
Ако на личноста спроти вас постојано и испаѓа храна наоколу, има дамки на лицето од храната, зборува додека јаде и слични навики, тогаш имате работа со личност која не знае да ги употребува работите кои се дел од секојдневие на секој. Ако не знае да ја употребува вилушката, како би знаела да ве употребува вас (како комплексна структура) во својот живот?
Количина на храна
Ако личноста која седи спроти вас порачува порција незнаејќи си ги своите јадачки капацитети, тогаш имате работа со личност која нема почит кон храната како основен извор на живот. Ако личноста со која сте на заеднички ручек остава храната да се фрли или порачува многу повеќе од тоа што му е доволно за задоволување на потребите од храна, тоа е показател на непочит.
Ако таа личност не ја почитува храната како извор на живот, како очекувате дека ќе ве почитува вас?
Времетраење на јадењето
Храната почнува да се вари уште во устата, а во устата се наоѓаат рецептори на сетило за вкус. Ако личноста која седи спроти вас ја голта храната без да ја задржи и вкуси храната, тогаш имате работа со личност која само сака да ги задоволи своите потреби и да се тргне.
Личност која брзо јаде, брзо се заситува, како од храна, така и од вас. Бризината на внесување на храната за време на ручек на кој сте излезени многу кажува за трпението на личноста со која сте излезени на ручек.
Избор на храна
Ако точно знае што треба да порача и која храна во моментот му создава афинитет, а која аверзија, таа личност знае што сака и од животот и од вас.
–Ако сакате да дознаете многу работи за човек, најдобро е да го однесете на ручек. Деловните ручеци не се само повод за спријателување и правење на копромис под впечаток на добро вино, тие се и терен за анализа на луѓе со кои „си имате работа“.
Магдалена Стојмановиќ