Во јужна Кина при полнење на електричен автомобил дошло до појава на чад, станува збор за домашен модел, електричниот EX360 од BAIC.

Откако пожарникарите добиле пријава, тие пристигнале на лице место да го испрскаат автомобилот со водата за да се олади. Но, возилото одеднаш експлодирало.

Според извештаите, чадот излегол од автомобилот кога се полнел.

За среќа нема повредени. Случајот е во понатамошна истрага.

Извор: liveleak.com