Во Етиопија, татковината на кафето, повеќе од четири милиони домаќинства зависат од оваа култура како примарен извор на приход. Кафето носи речиси една третина од извозните приходи на земјата, но прашање е до кога ќе биде така.
„Фармерите во Етиопија веќе ги чувствуваат последиците од екстремните горештини“, изјави Дејене Дади од автохтона задруга на мали производители.
Анализа на Climate Central покажува дека земјите во кои се одгледува кафе стануваат премногу жешки за негово успешно производство поради климатските промени. Петте најголеми производители, кои обезбедуваат 75% од светската понуда, во просек имале 57 дополнителни денови годишно со температури штетни за кафето.
Зрната главно се одгледуваат во т.н. „појас на зрното“ меѓу тропикот на Рак и тропикот на Јарец и бараат специфични температурни и врнежни услови. Растенијата, особено ценетата сорта арабика, тешко поднесуваат температури над 30°C.
Секојдневно во светот се консумираат околу две милијарди шолји кафе, но индустријата е под притисок. Според Светска банка, цените на арабика и робуста речиси се удвоиле од 2023 до 2025 година, достигнувајќи рекордно ниво во февруари 2025.
Најпогодена земја е Ел Салвадор со 99 дополнителни жешки денови. Бразил, кој произведува 37% од светското кафе, имал 70 такви денови, додека Етиопија –


















