Во видео објавено на ТикТок, д-р Крис Вудворд, доктор по фармација, наведува неколку пијалаци што најчесто оставаат најлоши последици. Тој посочува дека возраста и генетиката исто така влијаат на тоа како ќе се чувствувате следното утро, но ниту еден алкохол не ве „штити“ од мамурлак.
Пиво и шампањ – Иако имаат понизок процент алкохол, лесно е да се претера со нив. Дополнително, меурчињата ја забрзуваат апсорпцијата на алкохолот.
Црвено вино – Содржи танини, хистамини и шеќери, комбинација што може да предизвика силен мамурлак ако се претера.
Темни жестоки пијалаци – Виски, бурбон, бренди и темен рум содржат повеќе конгенери (нуспроизводи од ферментацијата), кои ја оптоваруваат црниот дроб и можат да предизвикаат потежок мамурлак.
Евтин алкохол – Често содржи повеќе конгенери поради помалку процеси на дестилација, што може да го отежне разградувањето на алкохолот во организмот.
За да ги намалите шансите за лошо утро, експертите советуваат да јадете пред консумирање алкохол и да пиете вода помеѓу пијалаците. Умереноста, сепак, останува најдобрата заштита.
















