Секој од нас посакува Новата година да донесе лесни победи и среќа „на тацна“, но 2026 година не оди по тој пат.

Таа не нуди бајковит крај, туку реална шанса за нов почеток, преку труд, соочување со вистината и рушење на старите илузии.

Клучни астролошки настани во 2026

Нептун влегува во Овен на 26 јануари – будење од илузии, јасност, соочување со реалноста и потреба од активна реализација на соништата.

Сатурн влегува во Овен на 14 февруари – крај на старите, нефункционални структури и градење нови темели, и лични и општествени.

Конјункција Сатурн–Нептун (14 февруари) – пресвртна точка што бара зрелост, одговорност и конкретна акција.

Помрачувања во знаците Девица, Лав, Водолија и Риби носат завршувања, откритија и ненадејни пресврти, особено во март и август.

Меркур е ретрограден трипати (Риби, Рак, Шкорпија) – периоди за преиспитување, а не за брзи одлуки.

Венера ретроградна од октомври до средина на декември – љубовта и финансиите под лупа.

Накратко по хороскопски знаци

Овен – тестови во љубовта и бракот, можни и венчавки и разделби.

Бик – промена на начинот на размислување, поголема флексибилност.

Близнаци – целосна лична трансформација, потреба од слобода.

Рак – стабилни врски и можност за нова љубов во првата половина од годината.

Лав – важни љубовни одлуки, но со претпазливост.

Девица – нестабилност до март, потоа подобрување.

Вага – драматични љубовни ситуации есенва, силни деловни сојузи.

Шкорпија – промени во работата, зголемена одговорност и потреба од самозаштита.

Стрелец – ненадејни пресврти во партнерствата и работата.

Јарец – фокус на домот, семејството и недвижности.

Водолија – напредок во партнерства, можен брак или заеднички живот.

Риби – подобрување на работата и финансиската стабилност од средината на годината.

2026 година не ветува лесен пат, но нуди можност за вистинска, длабока промена – за оние што се подготвени да работат на себе.