Податоците на Министерството за финансии и економија покажуваат дека на почетокот на годинава увозот на кафе за месец јануари е намален за 30 отсто во однос на јануари лани. На почетокот на 2023 година увезени се 534 тони кафе. Тоа е најмала количина од 2019 година.
Увозот на кафе за 2022 година е намален за 14 отсто во однос на 2021 година. Од Здружението на кафеани и ресторани објаснуваат дека на намалувањето на увозот влијаеле високите цени на кафето.
Додаваат дека многу оператори направиле залихи во декември. Претходно во Бразил и Виетнам, земји производители на кафе имаше штети на насадите. Тие беа уништени поради мраз, но и климатските промени доведуваат до помало производство и затоа цената расте.