Главниот божиќен пазар во Загреб се наоѓа во самото срце на градот, веднаш спроти железничката станица.
Голема атракција е величественото лизгалиште – во чија непосредна близина се наоѓа и Музичкиот павилјон од 1891 година, од каде доаѓаат божиќните песни.
Доколку имате среќа да го посетите главниот град на Хрватска за време на популарниот Адвент, покрај бројните тезги на кои се продаваат ракотворби и топли пијалаци, ќе можете да уживате и во деликатесите карактеристични за Балканот.
Се одржува од 1 декември до 6 јануари.