Бројот на напади на банкомати во Европа драстично се зголемува, утврди Европол, пренесува dpa.
Видовите на употребените експлозиви се исто така сè помоќни и опасни, изјави портпаролката на Европол, Клер Жорж за dpa.
–Исклучително моќни експлозиви се користат сè почесто, предизвикувајќи дури и уривање на згради и убивање на невини луѓе, рече таа.
Таа рече дека полицијата го идентификувала овој растечки тренд во многу европски земји, вклучително и Германија, јужна Европа и балтичките земји.
Нападите се извршени од криминални банди кои се специјализирани за такви експлозии и дејствуваат на меѓународно ниво, рече таа.
Германската полиција лани забележала 287 напади на банкомати, додека претходната година имало 268. Се очекува годинава да има повеќе.
Холандската полиција до септември забележала ист број напади на банкомати како и во целата претходна година и покрај намалувањето на бројот на банкомати.