Не би верувале какви промени во вашето тело може да предизвикаат само една чаша млеко пред спиење.
Еве зошто е добро да пиете млеко пред спиење:
- Подобро спиење
Неколку студии на луѓе и животни покажаа дека пиењето млеко пред спиење промовира подобар сон.
Млекото содржи триптофан и мелатонин, кои помагаат полесно и побрзо да заспиете, пишува N1.
- Го спречува будењето поради глад
Доколку јадете многу навечер, можно е да имате проблеми со спиењето во текот на ноќта. За да спречите да се разбудите гладни, испијте чаша млеко пред спиење.
- Има релаксирачки ефект
Пиењето млеко пред спиење нè потсетува на детството, кое ни враќа убави спомени и делува смирувачки.
- Помага при слабеење
Лошиот сон може да биде причина за зголемување на телесната тежина, па подобрувањето на квалитетот на сонот би можело да биде решение за тие неколку килограми вишок.
- Ја зголемува чистата мускулна маса
Млечните протеини се казеин и протеин од сурутка. Неколку студии покажаа дека консумирањето на овие протеини ја зголемува синтезата на мускулните протеини во текот на ноќта, објави N1.