Кога ќе се разбудат, не седнуваат веднаш пред компјутер за проверат мејл, туку си посветуваат време само на себе.
Како изгледа нивното утро?
- Стануваат рано
Кој рано рани, две среќи граби. Се будат во 5:30, а некои дури и порано за да го почнат денот.
- Трошат калории
Се трудат да ги потрошат калориите кои ги внеле, но тоа не мора задолжително да биде низ интензивни вежби. Доволно е и практикување јога, која помага во борбата против стресот.
- Работат на мотивација
Секојдневно работат на одржување на мотивацијата, читајќи добри вести од бизнис светот или се присетуваат на поговорки и изреки кои инспирираат труд и работа.
- Благодарни се за тоа што го имаат
Среќа, меѓу останатото, значи и да го сакате тоа што веќе го имате. Запишувајте секој ден барем по една работа за која сте благодарни дека ја имате.
- Поставете си важно прашање
Ако е денес последниот ден од вашиот живот, дали и понатаму би сакале да го правите тоа што мора да го направите денес?