Престанок со работата на сите фонтани и исклучување на внатрешното и надворешно осветлување, редуцирано улично осветлување и осветлување во паркови се дел од мерките за штедење на електрична енергија кои Општина Аеродром ги воведува во насока на заштеда на електрична енергија.
Како што информираат од општината, следејќи ги препораките, стручниот тим од Општина Аеродром, кој работи на надминување на кризата со електрична енергија, од 1 септември носи пакет на мерки за штедење на електрична енергија со кои се очекува драстично намалување на потрошувачката на електрична енергија.
Престанок со работата на сите фонтани и исклучување на внатрешното и надворешно осветлување, осветлувањето во парковите на територија на општина Аеродром, ќе работат редуцирано, односно ќе светат преку една сијалица, а целосно ќе се гасат во 1 часот по полноќ, уличното осветлување на сервисните улици со кое стопанисува општина Аеродром, ќе биде редуцирано, односно ќе свети преку една сијалица и ќе се гаси 2 часа порано, од вообичаеното и рефлекторите на спортските игралишта престануваат со работа од 1 октомври, стои во соопштението од општината.