Денеска од ЦУК соопиштија дека во текот на вчерашниот ден бројот на пријави на телефонските броеви 195 и 911 достигнал 1000 пријави за поплавени објекти. И покрај тоа што нема тешко повредени или жртви во вчерашните поплави, материјалните услови за работниците во објектите кои се поплавија станаа ризични.

Просториите во новоизградениот „East Gate Mall“ се справија со сериозни поплави и оштетување на стоката од продажните салони, а посетителите кои се најдоа на лице место беа евакуирани од терен поради опасност по нивната безбедност. Сепак покрај East Gate Mall, поплава имаше и во Vero Jumbo и во уште неколку маркети низ Македонија.

  • Прекинување на работно време

Во текот на вчерашниот ден неколку продавници во рамки на East Gate Mall и Vero Jumbo беа принудени да го завршат предвреме работното време поради сериозните оштетувања на продавниците и безбедносен ризик кон вработените.

Од плафонот каде што се сместени електричните инсталации истовремено капело вода што била причина за паднати осигурувачи или потенцијална опасност од избивање на пожар.

И покрај животозагрозувачки ризици по работниците и посетителите кои настанаа во дел од малопродажните објекти низ моловите, од Државниот инспекторат не соопштија дали инспекторите излегоа на терен.

  • Никој не понесе одговорност 

Во јавноста не се појави име на поединец или фирма која понесува одговорност за несоодветната изградба на моловите кои собираат голем број на посетители.

Покрај безбедноста на работниците, нарушена е и безбедноста на посетителите кои поради несоодветната изведба на моловите можат да се најдат во животозагрозувачки ситуации.

Ниту изведувачите, ниту надзорниците на East Gate Mall и Vero Jumbo не се повикани на одговорност поради загорзување на безбедноста на работниците и посетителите.