Додека се чека официјалната потврда од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија (РКЕ), на сајтот „gorivo.mk“ беа објавени новите цени на горивата.
Според сајтот, бензините од полноќ поскапea за половина денар и се продаваат по цена од 89 денари за ЕУРОСУПЕР БС 95 за 89 денари и ЕУРОСУПЕР БС 98 за 91,5 денари.
Раст на цената има и на дизелот, па така од полноќ се продава за 1,5 денари поскапо и ќе чини 93,5 денари.