Сите едвај го чекаме годишниот одмор, да се ослободиме од обврските и целосно да ги наполниме батериите за следниот период. Меѓутоа, ако спаѓате во онаа група на луѓе кои секогаш кога патуваат некаде добиваат главоболка, тогаш пожелно е да знаете што точно предизвикува главоболка.
Многу луѓе страдаат од силни главоболки додека се на одмор, што ги спречува да функционираат нормално.
Сепак, експертите наведуваат дека постојат фактори кои ги предизвикуваат овие главоболки, но и што можете да направите за да не ви го уништат слободното време и одморот.
Стресот е најголемиот предизвикувач од сите. Националното здружение за мигрена советува да управувате со стресот со доволно спиење, управување со вашите обврски и поминување квалитетно време со вашиот партнер и пријатели.
Покрај тоа, временските зони можат да го нарушат природниот ритам, придонесувајќи за нарушувања на спиењето и напади на мигрена. Хидратацијата е клучна и кај главоболките. Важно е да пиете доволно течности, бидејќи на тој начин можете да ја спречите болката.
Погрижете се просторијата во која спиете да биде ладна и темна и придржувајте се до вашата нормална рутина пред спиење колку што е можно повеќе.