Што се случува во телото при туширање со ладна вода:

-Доаѓа до брзо стеснување на крвните садови. Нивниот волумен се стеснува и крвта е принудена да се движи со поголема брзина. Ја подобрува циркулацијата на крвта низ телото. Ѕидовите на артериите и вените стануваат посилни, работата на системот за снабдување со крв како целина е нормализирана и се зголемува работниот капацитет на целиот кардиоваскуларен систем.

-Го принудува нашето тело да произведува дополнителна енергија за неговото загревање

-Влијае на церебралниот кортекс. Се подобрува работата на сите делови на мозокот, со што се зголемува концентрација и фокус. Активноста на умот се интензивира, почнувате подобро да учите, да разбирате и побрзо донесувате важни одлуки!

-Мускулните влакна брзо реагураат, а тоа доведува до забрзување на циркулацијата на лимфата, што влијае на метаболичките процеси во нашето тело.

-Ладниот туш е мини-стрес за организмот, што значи дека има активно лачење на хормони во крвта, што значително ги забрзува сите метаболички процеси во организмот и станувате по стабилни и цврсти!

-Почнувате да дишете длабоко, телото ни се полни со кислород и на тој начин чувството на замор и поспаност исчезнува, а работниот капацитет се зголемува.

-Кога метаболизмот се забрзува, вашиот имунолошки систем исто така почнува да работи подобро. Се зголемува отпорноста на телото на вируси, бактерии и други инфекции.
Како тоа влијае на нас?

-Станувате весели, расположени, среќни и енергични. Нема мрзеливост и поспаност.

-Вашата кожа се затегнува, подмладува, станува поздрава и поеластична. Косата ви станува сјајна и свиленкаста, вашиот изглед и здравје ќе бидат на завидно ниво!

-Прекрасната состојба на блаженство, чувството на опуштеност и треперења низ целото тело ве прави релаксирани и нови. Се чувствувате живи и препородени. Имате енергија и намалена потреба за сон.