Сонцето е силно и важно е да се заштити кожата од нејзиното штетно зрачење. Но, експертите открија дека треба да проверите еден симбол на пакувањето со средството за сончање за да видите дали навистина ве штити.
Можеби не сте свесни дека кремата за сончање, исто како и другите производи за убавина, има рок на траење. Ова значи дека ако е истечен, може да не делува ефикасно. Но, постои брз начин да го проверите. На задната страна на пакувањето има симбол кој укажува кога му истекува рокот и кога веќе не е ефикасен во заштитата од сонце.
Симболот покажува тегличка со буквата M и број што покажува колку месеци производот може да се користи по отворањето. На пример, 12M значи дека кремот треба да се користи во рок од 12 месеци од отворањето, додека 18M значи дека треба да се користи во рок од 18 месеци.
Кога активните состојки во кремот за сончање престануваат да делуваат, тие се распаѓаат и стануваат неефикасни. Кремите со поминат рок може да предизвикаат алергиски реакции, иритација или чешање.