Министерството за здравство и Комисијата за заштита на населението од заразни болести активно ја следи состојбата со КОВИД-19 во земјата, но и активно ги следи состојбите и на европско и светско ниво.
Поради зголеменото ширење на заразната ковид-19, Комисијата за заразни болести препорачува во затворени простории да се носат заштитни маски, а работните простории да се проветруваат и дезинфицираат.
Комисијата апелира да нема групирања и блиски контакти и потсетува дека маските беа и се и натаму задолжителни во јавниот превоз, аптеките, здравствените установи и старечките домови.
Неспорно е дека во нашата држава се забележува зголемување на трансмисија на коронавирус, но и дека ова е општ тренд што не може да се очекува да не одбегне.
Затоа, иако во моментот состојбата е релативно мирна, со цел да остане таква Министерството за здравство препорачува внимание и преземање мерки за лична заштита.
Ова особено се однесува, но не исклучиво, на постарите лица, лицата кои имаат една или повеќе хронични болести, и сите кои имаат намален имунитет поради која било причина.
Во овој период препорачливо е при престојување во затворена просторија подолго време да се носат маски, а лицата од ризичните категории (наведни погоре) маска минимум ФПП2 или Н95 или ФФП3.