Од понеделник во седум часот ќе бидат ставени во функција наплатните рампи Преод и Кадрифаково на автопатот Миладиновци – Свети Николе – Штип и обратно.

На наплатните станици целосно функционира Електронскиот систем за наплата на патарина.

Посочуваме дека првите две ленти од десно се за возилата кои користат М-таг електронски уред со кој се поминува со намалување и успорување на брзината на движење на возилото и без запирање, додека на останатите ленти покрај наплата во готово, може да се употреби и М-смарт картичката како електронски уред за наплата на патарина – информира Јавното претпријатие за државни патишта.

Наплатните станици Преод и Кадрифаково имаат по седум наплатни кабини.

ИЗВОРВработување
претходниот член,Внимавајте доматите кои ги купувате да се зрели, зелените домати се отровни!
Следната статијаКомисијата за заразни болести препорача носење на маски на затворено!