Евростат наведува дека стапката на вработеност кај населението во ЕУ на возраст од 20 до 64 години во првиот квартал годинава изнесува 74,5 отсто, што е за 0,5 отсто повеќе во споредба со четвртиот квартал од минатата година.
Промените во стапката на вработеност помеѓу четвртиот квартал од 2021 година и првиот квартал од 2022 година варираат меѓу земјите-членки на ЕУ.
Најголем раст е забележан во Грција, каде во првиот квартал имало 1,8 отсто повеќе вработени отколку во последните неколку месеци од минатата година.
Следува Луксембург, каде растот е 1,1 отсто и Летонија, каде што е 1 отсто.
Додека вработеноста се зголеми во 24 земји-членки на ЕУ, таа се намали во Литванија за 0,3 отсто, Данска за 0,5 отсто и Малта за 0,6 отсто.
Помеѓу четвртиот квартал од 2021 година и првиот квартал од 2022 година, 3,6 милиони невработени нашле работа во ЕУ.
Во овој период невработени останале 7,2 милиони или 51,3 отсто, а 3,3 милиони невработени од работната сила преминале во економска неактивност, односно станале неактивни.