Европскиот статистички центар, „Евростат“ во анализа објавена на својата веб страна, прави споредба меѓу стандарот за куповна моќ кај граѓаните во Европа, одделно во секоја земја.
Податоците кои ги објави „Евростат“, покажуваат дека соседна Бугарија, како членка на Европската унија има меѓу најмалите расположливи приходи по глава на жител од источните земји членки.
Од земјите на Балканот, најниска куповна моќ имаат жителите на соседна Албанија, а Македонците се малку подобри од нив.
Податоците покажуваат дека највисоки нивоа на просечен расположлив приход се забележани во западните и нордиските земји-членки на ЕУ, како што се Луксембург, земја која е на врвот согласно расположливот приход, потоа следува Германија, Австрија и Белгија.
Како што се наведува во анализата на „Евроостат“ од другата страна, или најдолу на листата со најмал просечен расположлив приход се повеќето јужни и источни земји-членки, како што се Романија, која е на самиот крај на листата, а едно ниво погоре е соседна Бугарија, Унгарија и Словачка.
Согласно податоците кои ги има поставено овој статистички центар на својата веб страна, од земји од Западен Балкан кои се уште не се членки на унијата, најнизок стандард на куповна моќ имаат жителите на Албанија, а нешто поголем имаат Македонците, Црногорците, a најдобар Србите.
Уште една земја кандидат за член во унијата со слични бројки кога станува збор за стандардот на куповна моќ е Турција каде распределбата е минимално поголема од Србија.