Денеска со почеток во 12 часот, македонските граѓани повторно ќе се соберат на масовен протест да го покажат своето незадоволство од најавената владина одлука за прифаќање на францускиот предлог за почеток на преговорите и решавање на спорот со Бугарија.

За 12 часот е закажана и владината седница на која ќе се одлучува за предлогот.

Политичката партија „Левица“ веќе најави радикализација на протестот и посетување на неколку локации. Од граѓаните кои беа присутни на протестите можеше да се слушне дека нема да се откажат од протестите се додека не им се исполнат барањата за неприфаќање на францускиот предлог.