За вечерашните протести, закажани во 19 часот пред Влада на Република Македонија, се поставени неколку провокатори од власта со цел дестабилизација на протестите и оправдување на полициската бруталност со цел да се влее страв помеѓу демонстрантите, информираа од политичката партија „Левица“.

Од „Левица“ апелираат луѓето да не паѓаат на провокации и да останат мирни.

Доколку се забележат агресивни демонстранти кои сакаат да направат конфликт со полицијата, потребно е да бидат извадени од топлата и исфрлени од самиот народ.

Само мудро и посветено овие протести можат да дадат резултати, велат од „Левица.