Еден од најистакнатите германски филозофи Имануел Кант во своите етички теории се залага за должност како врвна етичка вредност. Според Кант должноста кај луѓето се пресликува во тоа колку тие го одржуваат својот збор и колку ветувања даваат.
Сигурно сте сретнале луѓе кои ќе ви дадат ветувања од минорни до важни работи кои никогаш нема да ги исполнат. Едноставно тие немаат развиено чувство на должност кон својот збор и нивниот етички потенцијал е на многу ниско ниво.
Народните мудрости кажуваат дека „Онаму каде многу ветуваат, понесете си мала торба“. Во прво време народните мудрости ни пренесуваат порака дека треба да бидеме секогаш скептични кон луѓето кои се полни со ветувања, а во второ време да немаме очекувања дека тие ветувања ќе ги исполнат.
- Концептот на ветување е проблематичен
Луѓето кои даваат гаранција дека можат да направат нешто, обично имаат проблематичен однос кон времето и контролата над нештата. На пример, многу е малку веројатно да се исполни ветување дека за еден месец ќе се појде на патување, бидејќи времето ги менува условите под кои вие можете да го исполните тоа ветување.
Но кога ги имате сите услови на ваша страна и само одлучувате во истата секунда дека ќе ја искористите шансата и ќе појдете на патување е правилно размислување за животот.
Затоа луѓето кои го разбираат концептот на промена под временски притисок никогаш не ветуваат, туку велат „доколку се исполнат сите услови ќе одиме на патување“.
- Не им верувајте на ветувачите
Луѓето кои ветуваат секогаш сакаат да создадат слика кај вас за некоја реалност. На тој начин ја контролираат вашата перцепција.
Нив не им е важно дали реалноста навистина се совпаѓа со нивните ветувања, но едноставно ви создаваат такви приказни во кои вам ви е убаво да бидете.
Во суштина убавината е само додека трае магијата на фантазијата, кога ќе го добиете првиот „камен од реалноста“ сфаќате дека многу долго сте останале во некоја фантазија која направила повеќе штета одошто корист за вас.
- Делата се секогаш погласни од зборовите
Обидете се да видите кои се делата на луѓето кои ви даваат ветување. Ако зад себе немаат цврсти дела, тогаш ветувањата се само убава приказна во која сакаат да ве внесат.
Во суштина постои едно правило од кое има мал број на исклучоци, секако само колку да го потврдат правилото, а тоа е дека, луѓето кои се фокусирани на резултати, се сосредочуваат на своите дела, а не на нивните зборови.
Оној кој ќе даде резултати е оној кој вредно работи на своето дело со молк и посветеност. Оној што троши време да ви зборува и најавува дела, знајте дека се ќе остане само во фаза на најава, резултатите нема да ги видите никогаш!