Шише вода е речиси неопходно секогаш кога ќе почне топлината. Треба да го носиме секаде со нас, но не смееме да го оставиме без надзор во автомобилот.
Пластично шише исполнето со вода во комбинација со сончевата топлина може да ги оштети материјалите на седиштата, особено ако се кожа. Пожарникарите од Оклахома предупредија на оваа опасност минатото лето:
Сончевата светлина продира низ шише исполнето со вода кое делува како лупа. Течната и проѕирна пластика помага да се фокусира воздухот и може да доведе до вистински пожар – предупреди еден од пожарникарите.
Ваквите случаи не се вообичаени, но за да избегнете и најмала можност да се случи вакво нешто, не оставајте шише со вода на седиштето, особено кога е тропска жештина.