Правните служби на три компании за наплата на патарини во Србија, Македонија и Албанија работат на подготовка на договор за електронската наплата на патарините, а потпишувањето се очекува на почетокот на септември, изјави директорот на српските патишта Дробњак.
Според него, комплетниот развој на системот за електронска наплата во рамки на Отворен Балкан е планиран за крајот на летото, односно крајот на септември годинава.
Дробњак објаснува дека Open Balkan ETC всушност е работа на воспоставување единствен електронски систем за наплата во Србија, Северна Македонија и Албанија.