Сместување за 200 евра за четири лица, или пак за 150 -160 евра за три лица на повеќе локации во соседна Грција може да се најде во специјалните понуди на туристичките агенции.

Сé она што им останува нераспродадено, агенциите го огласуваат на своите веб страни во „last minute“ понуда. Па така за овој викенд можеше да се најдат понуди за 200 евра сместување на брегот на Егејско море за четворица за седум вечери.

Изборот ги вклучува Лептокарија, Паралиа, Калитеа, Сарти, Геракини… Но, понуди по смалени цени има и за соседна Албанија, дестинација која и без попустите има поевтини цени отколку Грција.

За викендот кој е пред нас, понудите допрва ќе се објавуваат, па оние кои немаат најдено сместување, а веќе сакаат да заминат на летување можат да следат кои локации останале слободни и да го резервираат своето сместување по топ цени.

Одредени агенции нудат поевтино сместување во дестинации кои се помалку посетени или пак кои се со нивни закуп, но главно укажуваат дека термините во топ сезона се распордадени и не очекуваат да останат слободни термини за “last minute” резеравации.