Кога дознаваме дека сме предмет на манипулација, автоматски престануваме да бидеме жртва на манипулацијата. Незнаењето дека сме манипулирани, не држи во состојба на изманипулираност. Затоа од голема важност е да откриеме дали некој се обидува да манипулира со нас.
Иако манипулаторите негираат дека се обидуваат да управуваат со вашето расположение, пари, чувства и време, сепак постојат неколку карактеристики кои го профилираат манипулаторот и според кои ќе процените дека треба да се дистанцирате што е можно поскоро.
- Изгледаат транспарентни, но мистифицираат
Манипулаторите изгледаат транспарентни и искрени, тие ќе ви ги кажат работи поради кои ќе се шокирате од нивната искреност. Но, нештата кои тие ви ги кажуваат се селективни и треба наменски да го предизвикаат ефектот на вградување впечаток на искреност.
Тие ќе ги скријат од вас оние работи кои вас би ви ја обезбедиле целосната слика за нив. Иако тие изгледаат наивно и ирелевантно нештата кои манипулаторот ги крие од вас се токму оние поради кои ќе го злоупотреби вашето време или доверба.
- Нештата се онака како тие ви ги презентираат, а не онака како вие ги сфаќате
Работите не се онакви како што вам ви изгледаат, ниту онакви како што вам ви се прикажуваат. Манипулаторот ќе се обиде да ја креира вашата перцепција на работите и во моментот кога ќе сфати дека се будите од длабоката манипулација станува агресивен.
Прво ќе проба да ве убеди, збунувајќи ве со вишок информации, а кога е сфати дека не може да ве збуни, станува агресивен, го крева гласот или ја напушта просторијата. Манипулаторот нема да ја признае својата манипулација на жртвата дури и тогаш кога се е очигледно!
- Манипулаторите имаат контрола над своите жртви
Малите гестови кои некому му се гест на внимание, на манипулаторите им се механизам да воспостават контрола над вашите животи. Тие многу добро знаат дека сте способни сами да ги правите сите работи, но полека ве заменуваат во главните нешта од вашиот живот се со цел да ве направат зависни од нив.
Инсистираат на заеднички имоти, венчавки, граѓански должности и други чинови на посредство кои би ве спречиле да ги напуштите така лесно кога ќе откриете дека сте во канџите на манипулаторот.
- Манипулаторите секогаш изгледаат како жртви
Тие имаат потреба да ги покажуваат најдобрите страни од себе пред другите луѓе и смртно се лутат доколку за нив исплива на површина некоја „пикантерија“.
Склони се да прават „од мравка слон“ и да драматизираат на секој ваш обид да ги искулирате.