Шест држави од Балканот се во групата од десет земји во светот со најголем број починати од ковид-19 на милион жители.
На оваа непопуларна листа се наоѓаат: Бугарија, Унгарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и Македонија. Според податоците на страницата „Ворлдметар“, Босна и Херцеговина се наоѓа на третото место во светот по бројот на починати од последица на инфекција со коронавирусот. Во БиХ починале 4.871 лице на еден милион жители. На прво место е Перу (6.299), а на второ е Бугарија (5.430).
На четврто место е Унгарија (4.842), на петто Македонија (4.469), на шесто Црна Гора. На црната листа од десет земји се наоѓа и Хрватска со 3.945 починати, а Романија е на 11-то место со 3.459 починати лица на милион жители.
Србија се наоѓа на 57-то место со 1.856 починати на милион жители.