Филмот „Quo Vadis, Aida?“ во режија на Јасмила Жбаниќ денеска во Европскиот парламент беше прогласен за добитник на наградата LUX – Европската филмска публика.

Наградата LUX ги заменува поранешните EFA People’s Choice Award и Lux Prize, и беше заеднички лансирана од Европскиот парламент и Европската филмска академија во септември 2020 година.

За најдобар европски филм минатата година беше прогласен „Quo Vadis, Aida“, а Жбаниќ за најдобар режисер.

Филмот освои бројни награди и беше номиниран за Оскар.

ИЗВОРМондо.ба
претходниот член,Македонија меѓу земјите на врвот според бројот на починати од ковид
Следната статијаВисоките температури го намалуваат квалитетот и квантитетот на сонот

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде