Јаболковиот оцет е храна која може да ги заштити нашите црева, па се повеќе луѓе се одлучуваат да го користат и да го купат од локални производители, а некои сами го прават. Зошто е толку добар, открива нутриционистката Џенифер Ханвеј, а пренесува N1.
Кога ќе додадете јаболков оцет во салати или зеленчук, тоа ќе помогне во разградувањето и варењето на тешко растворливите влакна, а кога храната лесно се вари тогаш телото многу полесно ќе ги апсорбира сите витамини и минерали од неа.
Џенифер Ханвеј додава дека доколку користите органски оцет, нефилтриран, тој ќе биде потемни поради бактериите кои настанале при ферментацијата.
Што се однесува до здравствените придобивки, нутриционистот наведува дека јаболковиот оцет може да помогне во намалувањето на нивото на шеќер во крвта. „Кога јадете храна која е богата со шеќер или рафинирани јаглехидрати, нивото на шеќер во крвта се зголемува.
Штом се случи ова, панкреасот произведува хормон инсулин, кој му кажува на телото да складира храна како маснотии. Клиничките студии покажаа дека консумирањето на јаболков оцет може да биде дел од оброк кој ќе го ублажи овој процес“, објаснува Џенифер Ханвеј, а пренесува N1.
Правилниот внес на јаболков оцет не треба да биде повеќе од 5 лажички дневно. Може да се користи во салати, јадења, со зеленчук или да се пие во чаша вода. Премногу јаболков оцет може да го иритира желудникот, да ја уништи забната глеѓ и да го оштети хранопроводникот.