Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. УВ индексот ќе изнесува 8 мерни единици.
Минималната дневна температура во Скопје ќе изнесува 11, а максималната температура ќе достигне 30 степени.
Веќе од вторник ќе има повторно влошување на временските услови со променливо облачно време со интензивни врнежи и грмежи.
На места се очекува силно невреме и прекин на снабдување со електрична енергија.