Лидерката на француската десница Марин Ле Пен вети дека доколку победи на претседателските избори ќе ги повлече вооружените сили од командата на Северноатлантската алијанса.
Ле Пен нагласи дека нема да ги префрли француските војници во комбинираната команда на Алијансата, ниту, пак, ќе и биде на располагање на идната европска команда, пренесува РИА Новости.
Според неа, Франција нема да се потчини на американскиот протекторат.
Таа додаде дека ја поддржува идејата за приближување со Русија.
Кога ќе заврши војната во Украина и ќе се воспостави мир, ќе се залагам за стратешко зближување меѓу НАТО и Русија. Тоа е во интерес и на Европа и на САД, рече таа.
Таа исто така рече дека не сака Франција да ја напушти Европската унија и додаде дека ќе го почитува Парискиот договор за климатските промени, пренесе Ројтерс.