Портокалите се добро познати по тоа што нудат изобилство на витамин Ц, но тие не се корисни само за човечкото тело.

Експертите препорачуваат користење на ова овошје во градината бидејќи штетниците не го сакаат мирисот на цитрус.

Еден од најдобрите начини за користење кора од портокал е да се направи спреј. Гответе неколку кори од портокал во шолја вода десет минути, а потоа исцедете ја течноста во шише со распрскувач кога ќе се олади.

Прскајте го на секои три до четири дена за да се ослободите од штетниците како што се полжави, вошки, мравки, овошни мушички.

Алтернативно, кората од портокал можете да ја исецкате на ситни парчиња и да ги наредите блиску до растенијата.