Надлежните институции апелираат на што помасовна вакцинација, а од вчера започна и караванот за вакцинација против вирусот, што има за цел да ја промовира вакцината како начин на сигурна имунизација. Започна во Шуто Оризари, а во следните две недели ќе опфати 14 општини.
Караванот за вакцинација против Ковид-19 денеска од 12 часот до 16 часот ќе биде на плоштадот во Кратово. Во следните денови караванот ќе биде во Радовиш, Струмица, Ново Село, Скопје (пред Ист гејт мол), Куманово, село Матејче во Липково, Арачиново, село Сандево во Чучер Сандево, Зелениково, село Неготино во Врапчиште, Кичево и Струга.
Во однос на предложените мерки од страна на Комисијата за заразни болести, се очекува денеска да се одржи состанок на Главниот кризен штаб, а потоа тие да бидат изгласани на владина седница.
Една од препораките е да се ослободат учениците од основните училишта од носење маски. Тој додаде дека посакува сите да бидат ослободени од маските, но сепак реалната состојба не го дозволува тоа.