Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 965 тестови, а регистрирани се 64 нови случаи на ковид -19: Скопје – 50, Прилеп и Кавадарци – по 5, Битола, Тетово, Крива Паланка и Виница – по едно.

Од вкупниот број на позитивни (64), регистрирани се 12 реинфекциии.

Регистрирани сe 296 оздравени пациенти од: Скопје – 173, Прилеп – 17, Кавадарци – 14, Куманово – 13, Струмица – 11, Битола – 10, Велес, Гостивар и Охрид – по 8, Кочани и Дебар – по 4, Кичево, Ресен и Кратово – по 3, Крива Паланка, Штип, Струга, Гевгелија, Берово и Валандово – по 2, Тетово, Радовиш, Богданци, Демир Капија и Пехчево по – 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 2 починати лица: по едно починато лице од Скопје (63 години) и Струмица (77 години), починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид -19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 2 починати лица, од Скопје (73 години) и Гевгелија (63 години). Пријавените лица се починати во период од 5 до 12 март годинава. Од пријавените едно лице е починато во болнички услови и едно во домашни услови.

Од вкупниот број на починати лица (4), кај 3 се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.938.935 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 303.418, бројот на оздравени пациенти е 292.344, на починати е 9.184, а бројот на активни случаи изнесува 1.890.

 

ИЗВОРНова Македонија
претходниот член,Што го предизвикува мозочниот удар?
Следната статијаДенеска заседава Кризниот штаб се очекува укинување на обврската за носење на маски во училиште

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде