Оваа вредна хранлива материја е богата со ладно цедено масло од соја, пченка, лен и сончоглед, како и пченични никулци, ореви, бадеми и авокадо.
Ако имате проблеми со акни, првут, егзема, слаби нокти, сува коса и кожа или страдате од сериозни нарушувања како што се артериосклероза и тромбоза, постои голема веројатност да не внесувате доволно витамин Ф.
Оваа вредна хранлива материја е всушност збир од три есенцијални полинезаситени масни киселини – линолна, линоленска и арахидонска, кои спречуваат таложење на холестерол во артериите, придонесуваат за здравјето на кожата и косата, го зајакнуваат имунолошкиот систем и помагаат во намалување на телесната тежина со согорување на заситените масти.
Исто така, кај пациенти со дијабетес, витаминот Ф го успорува почетокот на оштетувањето на кардиоваскуларниот систем и го спречува развојот на очните болести.
Витаминот Ф се користи и за ублажување на менструалните проблеми, а се користи и за лекување на неплодност кај двата пола. Се препорачуваат дози од 10 до 20 g дневно, што е количина од две лажици ладно цедено масло. Витаминот Ф најдобро се апсорбира од телото во комбинација со витамин Е.