Општина Кисела Вода деновиве започна со акција за изрекување опомени на сопствениците на хаварисани возила на оваа територија. Во текот на овие две седмици, преку соработка со ПСОН-Кисела Вода и РСБСП-Скопје, имателите на хаварисани возила, со летоци оставени на возилата, ќе бидат потсетени дека е нивна законска обврска да ги отстранат.

Иако целта не е да се казнува, сепак, на оние што ќе ја игнорираат опомената ќе им биде изречена глоба во мандатна постапка дефинирана со членот 63 и членот 19 во Законот за безбедност и сообраќај на патиштата, а хаварисаното возило на нивна сметка ќе биде пренесено во депото на пајак-службата. Најавената кампања веќе дава конкретни резултати, па уште на првиот ден, некои од ваквите возила, кои со години го узурпираа јавниот простор, веќе беа отстранети од нивните сопственици. Пример што се надеваме дека ќе го следат и другите.

Паралелно со оваа акција, службите на ПСОН-Кисела Вода и РСБСП-Скопје на погрешно паркираните возила им оставија опомени, кои доколку не се почитуваат, потоа ќе значат преземање мерки и парични казни во износ од 45 евра.

ИЗВОРНова Македонија
претходниот член,Витамин кој спречува создавање на тромбоза
Следната статијаЕфикасна техника во справување со напад на паника и анксиозност

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде