Отсега, имате уште една причина да го сакате овој пијалок. Виното, особено црвеното, содржи многу важно полифенолно соединение – ресвератрол, кој се наоѓа во кората на грозјето. Може да биде многу важен сојузник во борбата против постојаните габични инфекции, но и многу други болести.
- Која е тајната на ресвератролот?
Ова соединение има антигабична функција, бидејќи растението го синтетизира за да се одбрани од габи.
А поголема количина на ресвератрол има лоза која помалку се третира со фунгициди, додека во органските лозја е најзастапена.
Она што е интересно, во процесот на добивање вино, контактот со кожата ја зголемува содржината на ова чудесно соединение.
- Како може сè да ви помогне?
Придобивките од ресвератрол се многубројни. Може да ви ги реши проблемите со разни болести, како што се: кожни, кардиоваскуларни, невродегенеративни, автоимуни, дебелина, дијабетес тип II, замастен црн дроб, инфективни, онколошки.
Исто така го успорува процесот на стареење, па со него може да бидете долго време млади.